Невреме вчера ја зафати Тиквешијата

Вчера четирите општини од Тиквешијата ги зафатија врнежи од град. Причинетите штети врз земјоделските култури дополнително ќе се утврдуваат. Ова денес за МИА го потврдија Драган Николов и Ѓорѓи Ајтов, од подрачните служби на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.
-Според информациите со кои располагаме, врнежи од град вчера се регистрирани во атарот на кавадаречко Сопот и росоманските села Сирково и Камен дол, рече Николов, советник во Агенцијата.
Ајтов, кој е раководител во службата во Неготино, нагласи дека среќа во несреќа било што зрната град не биле тврди како што тоа вообичаено се случува, туку меки како гума, па очекуваат помали штети кај земјоделските култури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.