
Нови обилни врнежи од полноќ до 11 часот претпладне имало во делови на Далмација, јавува Далмација денес. Во Далмација се уште се очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмежи, а метеоролозите најавуваат дополнително влошување на временската состојба.
На приморје се очекува силна бура со оркански удари. На пладне грмежите се преместиле над Брач. На Динара температурата паднала на 0 степени, па и таму почнал да вее снег.
