Невреме на Балканот превртува камиони, во моментов ита кон Србија, ќе не зафати ли и нас? (ВИДЕО)

Hrvatska, snegНа хрватската планина Завижан паѓа снег, а бидејќи температурите се околу нулата, се очекува врнежи да има и во другите предели, пренесуваат медиумите од регионот. Како што се гледа од снимките, снегот почнал да паѓа на Завижан, а може наскоро да почне да вее и на Учка, информира Индекс.хр.
Нови обилни врнежи од полноќ до 11 часот претпладне имало во делови на Далмација, јавува Далмација денес. Во Далмација се уште се очекуваат обилни врнежи од дожд проследени со грмежи, а метеоролозите најавуваат дополнително влошување на временската состојба.
На приморје се очекува силна бура со оркански удари. На пладне грмежите се преместиле над Брач. На Динара температурата паднала на 0 степени, па и таму почнал да вее снег. Вчера бурата била толку силна што превртела и камиони. Поради бурата во Хрватска, бил затворен и автопатот на подрачјето на Масленица, а ветерот правел проблеми и на магистралата кај Велебит.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.