Големо невреме со обилни врнежи од дожд и град ја зафати попладнево Крива Паланка. По улиците се слеа огромна количина вода, а градот со големина на орев оштети многу автомобили и објекти. Жителите стравуваат дека невремето ќе ги уништи и земјоделските култури, како и овошките.