Неда Арнериќ во тешка состојба, лекарите се борат за нејзиниот живот!

Познатата српска актерка, Неда Арнериќ се наоѓа во тешка состојба и синоќа е примена на Военомедицинската академији (ВМА).
– Таа е во тешка состојба и лекарите прават се за да ја спасат. Ја добива целата неопходна терапија и медицинска нега, наведува извор од установата, додавајќи дека актерката синоќа е примена во тешка состојба.
Сепак, лекарите синоќа не можеле да дадат никакви прогнози за здравствената состојба на Неда Арнериќ, освен дека ја добива целата неопходна нега и терапија. Актерката синоќа околу 21:00 часот е однесена на ВМА.
Дека нешто не е во ред, според нивните сознанија, сватил братот на актерката, кој упорно ја барал на  телефон и не можел да ја добие. Со бравар веднаш отишол во станот на својата сестра, ја скршиле бравата и ја нашле познатата актерка на подот.
– Ја пронашле Неда како лежи на подот, набрзо по тоа пристигнала екипа на Итната медицинска помош и ја однеле на ВМА, наведува изворот.
За сега нема повеќе информации за причините од што и се слошило.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.