Пејачката Неда Украден е позната по својата виталност и младешки дух, а сега реши да се пофали со фигура на која може да и позавидат многу помлади дами.
Неда моментално го поминува времето со внуците во својата семејна куќа која неодамна ја реновирала и поставила базен во дворот, а таа станала вистински мал рај и за неа и за нејзините наследници.
Неда сега позираше пред базен во розов костим за капење и ја покажа својата фигура на 73 години.Пејачката носеше голема капа во иста боја како и нејзиниот костим за капење, но и очила за сонце.
– Отворање на сезоната 2023 – напиша Украден покрај фотографијата.
Нејзината витка линија воодушеви многумина, а набрзо следеа многубројни коментари: „Кралица“, „Жена змеј“, „Секоја чест“…