Поради пандемијата со коронавирусот многу луѓе се најдоа во финансиски проблеми, а тоа во голема мера влијаеше и врз естрадните уметници во целиот свет.
Истото и се случи и на српската легендарна пејачка Неда Украден која неодамна откри дека најважно е што сите се живи и здрави во ова лошо време, но и дека е загрижена за својот приватен бизнис кој го создаде со ќерката и зетот.
View this post on Instagram
„Речиси сите финансии ги вложивме во нашата игротека и салон за убавина за сега сето тоа пропадне во оваа криза со коронавирусот. За жал сите трошоци ги покриваме самите иако со месеци сме затворени, се надеваме дека ни доаѓа поубава година“, вели Неда.
View this post on Instagram
Таа за време на карантинот откри и дека подготвува автобиографија која наскоро треба да излезе во продажба.
„Овие денови го прекуцувам ракописот и го дополнувам текстот. Спомените само ми се навраќаат, бидејќи животот и кариерата ми поминаа на повеќе места. Тука се и сите сјајни луѓе, автори, песни, концерти, патувања… ќе биде многу интересна книга“, вели пејачката српските медиуми.