Неделава ширум Европа пеколни температури

Незапаметен топлотен бран ќе ја зафати Европа оваа седмица, а метеоролозите најавија дека се очекуваат температури од 40 степени Целзиусови. Топлотниот бран ќе стигне од Магреб во Северна Африка и Шпанија, и ќе се прошири од Велика Британија, до Белгија и Грција. Високите температури почнуваат од денес, а се очекува врвот да го достигнат кон средината на неделава.
Во Германија метеоролозите предвидуваат температури од 37 степени во вторник, односно 38 во среда, а слично време се очекува и во Белгија и во Швајцарија.
Британскиот метеоролошки завод “Мет Офис“ посебно е загрижен затоа што топлотните бранови може да поттикнат „силни бури“, па предупредил Британците да се подготват на „топло, влажно и нестабилно време“.
Во Франција метеорологот Франсоа Гуранд најавува „невиден топлотен бран за јуни“. Од вторник температурите ќе се искачат од 35 до 40 степени, па жителите нема да имаат олеснување, предивдуваат метеоролозите.
Грција овој викенд ќе биде меѓу земјите најтешко погодени од топлотниот бран со температури до 39 степени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.