Неделен хороскоп : 01 – 07 октомври

Што ги очекува хороскопските знаци во првата седмица од октомври? Некому му доаѓа нова љубов, а на други пак им се враќа старата.
Прочитајте го неделниот хороскоп од 01-07 октомври.
Овен
Користете ги своите дипломатски вештини кога станува збор за работата. Избегнувајте конфликти со колегите и надредените.
Оваа недела е одличен период за разговор со партнерот за проблемите кои ве мачат. Двете страни ќе бидат во можност реално да ја согледаат ситуацијата и да кажат што им пречио.
Добро се чувствувате оваа недела.
Бик
Добивате само позитивни коментари и критики. Поради тоа, и вашата финансиска ситуација е подобра.
Периодот кој е пред вас бара да бидете во совршен баланс, за да не дојде до проблеми.
Можен е грип или настинка.


Близнаци
Оние кои се невработени, оваа недела ќе имаат голема можност да добијат понуда за работа. Прифатете го тоа што ви се нуди.
Колку и да сакате слобода, некои работи мораат да се постават јасно и отворено. Не заборавајте го тоа.
Здравјето е солидно оваа недела.
Рак
Време е да почнете да ги реализирате своите планови и идеи. Вие најдобро знаете како.
Покажете малку повеќе емоции.
Добро се чувствувате.
Лав
И покрај проблемите кои ги имате, вие ја користите моќта на заведување за да ги решите. Оваа недела тоа нема да ви успее.
Оваа недела, финансиската состојба многу ќе влијае на полето на љубовта. Недостатокот на пари секогаш ве прави нервозни, а тоа ќе се пренесе и на вашите сакани.
Можни се главоболки.
Девица
Ова е добар период за да работите на себе и на своите знаења и вештини. Добри сте во убедувањето и дипломатските преговори.
Полето на љубовта ќе биде полно со различни ситуации. Воопшто нема да ви биде досадно.
Немате многу тегоби, оваа недела.
Вага
Полето на работата ве исполнува и таму црпите голем дел од својата енергија.
Полето на љубовта ви носи убави моменти. Не се плашете да бидете искрени.
Ве мачи стрес, цела недела.
Шкорпија
Не плашете се да бидете проактивни и иновативни.
На полето на љубовта, ќе ја разбиете монотонијата.
Имате проблеми со дишните патишта.
Стрелец
Бидете трпеливи и сконцентрирани, а успехот ќе дојде сам по себе. Држете до своите стандарди.
Ако сте во брак, може да дојде до проширување на семејството.
Водете сметка за имунитетот.
Јарец
Некако ќе бидете центар на внимание поради својата работа, а ова е добар период и кога станува збор за финансиите.
Ако сте слободни, можно е да запознаете личност која многу ќе ви се допадне.
Движете се повеќе.
Водолија
Ова е период кога на полесен или потежок начин ќе морате да научите како да се одалечите од тоа што ви предизвикува нервоза и фрустрации.
Ќе се впуштите во авантура без обврски.
Потребни ви се повеќе витамини.
Риби
Трудете се да размислувате со ладна глава и секогаш прво добро да размислите пред да реагирате. Не ви се исплати брзоплетоста.
Тимската работа не е важна само во работата, туку и во љубовта. Никако не успевате да го научите тоа.
Добро се чувствувате оваа недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.