Започнете го викендот на вистинскиот начин!
Потребни состојки:
60 милилитри кафе концентрат
2 кафени лажички сируп од цреши
Ледени коцки
Начин на подготовка:
Станува збор за едноставен леден кофеински коктел. Во шејкер за коктели ставете ледени коцки, 60 милилитри кафе концентрат и 2 кафени лажички сируп од цреши. Тресете го шејкерот сè додека не почувствувате дека ви станува престудено на рацете. Исто како кога ви правеле мартини. Сипете во мала коктел чаша и уживајте!