Независните од ВМРО-ДПМНЕ со осуда за објавените снимки и барање за истрага

Независната пратеничка група (НПГ) на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски што се одржала во канцеларијата на координаторот на партијата Никола Мицевски во македонското Собрание. Тие упатија и барање до надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

Независните од ВМРО-ДПМНЕ со осуда за објавените снимки и барање за истрага

Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутјуб се објавени само исечоци по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго.

„Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции“, се вели во соопштението на независната пратеничка група (НПГ) на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: