Коалициониот партнер во грчката Влада, претседателот на “Независни Грци“ и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта владината коалиција. Најавата за напуштање на коалицијата од страна на Каменос доаѓа по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со кого требаше да се договорот околу ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
– Му се заблагодарив на премиерот за соработката и му објаснив дека за мене, поради национални причини, соработката не може да продолжи, изјавил Каменос.
Се очекува Каменос во 11 часот да има прес-конференција, на која ќе ги објасни причините за напуштање на кабинетот на Ципрас. Партијата на Каменос во континуитет се противи на Преспанскиот договор и со термиот „Македонија“ и најавуваше дека нема да гласа за ратификација на Договорот за промена на името.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.