Независни Грци ќе ја напуштат Владата кога ќе дојде Договорот од Преспа

Заменик-министерката за одбрана на Грција, Мариа Коља-Царуха од редовите на Независни Грци во интервју за солунското радио „Фокус ФМ“ најави дека кога и доколку дојде договорот, тие ќе си заминат од министерствата.
-Ние ќе си заминеме од Владата кога ќе ги видиме потезите на господинот премиер во врска со ова прашање. Кога? Може многу брзо, може … сѐ ќе зависи од тоа кога ќе реши господинот Ципрас, доколку самиот реши, ова е големо политичко и национално прашање, сакам да верувам дека одново ќе го разгледа, изјави заменик-министерката за одбрана на Грција Коља-Царуха.
Таа, исто така, додаде дека „другата страна не се држи до тоа што беше договорено“, и истакна дека станува збор за прелиминарен договор меѓу двајца министри, а не договор, бидејќи, како што објасни не бил ратификуван од парламентите на двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
-Не сакав да се склучи овој договор. Ние се најдовме во Влада со еден министер, господинот Коѕијас за кој на почетокот верувавме и верував дека се обиде за некои работи, но понатаму се појавија различни елементи во овој договор за кои ние, не се согласуваме, а генерално со терминот Македонија. Едноставни се работите, не можеме да ги направиме поедноставни, истакна Коља-Царуха за грчкото радио.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.