Неквалитетната вода – причина за пожолтувањето на забите

Неквалитетната вода е една од причините за пожолтувањето на забите, покрај вообичаените и општо познати – цигари, кафе и чај, сметаат руски стоматолози и диетолози.
Електронските цигари, исто така, влијаат неподобно. Важно е да си ја запазите заштитната обвивка на забите во добра состојба. Од неа зависи колку забите ќе бидат жолти, сметаат стручните лица.


Диетологот Елена Соломатина нагласува дека забите пожолтуваат и со возраста. Таа во таа смисла ги препорачува млечните производи, но и да не претеруваме со нив, пренесува БГНЕС.
– На стабилизирањето на нивото на калциум добро влијае и сусамот. Богати со калциум се и сардините, макар и конзервирани- вели Соломатина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.