Некогаш имала идеално тело, а денес сите зборуваат за тоа колку килограми накачила

За британската старлета, Кели Брук, експертите пред неколу години заклучиле дека е сопственичка на идеално женско тело, а магазинот FHM ја прогласил за најсексапилна жена на светот.
Експертите ја опишувале како жена со совршена фигура. Според достапните податоци, Кели е висока 168 сантиметри, а нејзините мерки биле 99-63-91. Дополнителна позитивна работа кај неа е тоа што е целосно природна и не била подложна на пластични операции.

Сепак, во изминатите години Кели се откажала од диетите и се здебелила, а нејзината линија е во центарот на вниманието откако се објавени нејзини фотографии од одморот на Мајорка, каде заминала со својот долгогодишен партнер Џереми Парис. Зборувањата за нејзината килажа воопшто не ја интересираат, а јасно истакнала дека е горда со своите облини.

За британскиот „The Sun“ минатата година се пожалила дека има некој килограм повеќе и дека градите не ѝ стојат високо исто како некогаш, но дека не се грижи за тоа.


„Кога ќе остарите, се чувствувате пријатно во својата кожа. Сфаќате дека тоа како изгледате и не е толку важно, во години сте кога ќе си речете: ‘Тоа сум јас, со брчки, спуштени гради и сè останато“, рекла Кели, која како 20-годишна девојка сметала дека изгледа совршено, но уште тогаш, како што вели, знаела дека тоа нема да трае засекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.