Некои во Шутка, некои во Будимпешта. Фото од прошетка на Груевски со Александар Трајковски. Лабаво, баш како што и прилега на велелепната Будимпешта. Како кафето?
Груевски пред точно месец дена се огласи од Унгарија, каде што побегна и каде побара и експресно доби азил. И по месец дена никој од власта не презема одговорност, ниту некој од функционерите пак понудил политичка и морална одговорност. Според премиерот Заев, во МВР веќе се води истрага за која тој е информиран и за која најави дека наскоро и јавноста ќе биде информирана.
На фотографијата со Груевски стои човек што многу личи на Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ,еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“.