Некои жени се колнат во неа, кај некои предизвикува црвенило, но… Дали вреди да ја испробате оваа состојка за нега на кожа?

Писателката на Vogue, која се опишува себеси како „дежурна рецензентка“ за козметички производи меѓу своите пријатели, го сподели своето искуство со состојка што ја тестира со години.

Во текот на сите тие години експериментирање и истражување на совети од експерти за убавина, таа откри состојка што стана клучна за нејзината рутина за нега на кожата – ниацинамид.

Прво го забележала нејзиниот позитивен ефект во крем, што ја поттикнало да дознае повеќе за оваа состојка и наскоро сфатила дека ниацинамидот се наоѓа во скоро сите производи што ги смета за „задолжителни“.

Нијацинамидот (витамин Б3) има повеќекратни придобивки – го намалува воспалението и хиперпигментацијата, ја подобрува еластичноста на кожата, ја зајакнува заштитната бариера и го регулира лачењето на себум. Поради овие својства, таа го користи не само за лицето, туку и за телото – особено за лекување на хиперпигментација на нозете и смирување на кожата по бричење.

Сепак, таа забележува дека ниацинамидот не е за секого.

Иако го обожава, таа знае дека може да предизвика иритација кај луѓе со чувствителна кожа, па дури и ретка реакција позната како ниацинско црвенило (црвенило и чувство на топлина). Затоа препорачува тестирање пред да воведе нов производ.

Во повеќето случаи, ниацинамидот е безбеден, благ и компатибилен со други активни состојки како хијалуронска киселина и ретинол. Не ја зголемува чувствителноста на сонце, па затоа е идеален за утринска нега на кожата во лето, особено затоа што обезбедува антиоксидантна и антиинфламаторна заштита, пишува Vogue.

Пронајдете не на следниве мрежи: