Неколку идеи за маникир кои ќе ги носат сите оваа пролет

Кога станува збор за лакови и маникири, едно е сигурно – пролетта 2025 година е резервирана за живи бои и шарени нокти кои носат насмевка на вашето лице. Истиот тренд ќе продолжи и во летните месеци.
Некои од нас самите станаа вистински мајстори за маникир, додека други одат во козметички салони. Во која група и да спаѓате, нема да погрешите оваа пролет доколку изберете оптимистички, весели и шарени опции за вашите нокти.
Трендовите за маникир постојано се менуваат, а меѓу сите мора да запомниме само едно правило – нокти кои ни се допаѓаат се во мода. Сепак, експертите забележуваат дека оваа пролет пастелните нијанси и цветните мотиви ќе продолжат да ги освојуваат социјалните мрежи, а колоритниот француски маникир и понатаму гордо го држи првото место на листата на популарност.
Подолу одбравме неколку маникири од овој вид кои, додуша, бараат малку трпение, но откако ќе ги завршите, ќе имате нокти од кои нема да можете да ги тргнете очите.
Секако, друга опција е да се појавите во вашиот салон за нокти со една од фотографиите.

Пронајдете не на следниве мрежи: