Неколку особини на совршениот маж

Емоционално зрели и одговорни мажи се однесуваат одговорно и во љубовната врска. Ако сакате да ја пронајдете вашата сродна душа, треба да ги има следниве карактеристики.
Искрено ве сака
Тој ве сака со сите ваши предности и маани. Му се допаѓа како изгледате без шминка, сака да се дружи со вас и ве обожува. Тој знае која храна ви е омилена и кои филмови сакате да ги гледате.
Уживате да бидете со него и никогаш не ви е здодевно. Без разлика на тоа колку време сте заедно, секогаш сакате уште.
Ве става на прво место
Вие сте најважната личност во неговиот живот. Заедно ги минувате викендите и правите интересни работи.
Искреност
Оној којшто е искрен е среќен и здрав, радосен и полн со оптимизам – кој не би сакал да го помине животот со таков човек?
Љубезен е
Не ве сака само кога сте добро туку и кога имате лош ден. Тој е љубезен кон вас и знае дека секој може да направи грешка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.