Неколку припадници на Националната гарда на Албанија се приведени поради убиството на возачот на албанското министерство за внатрешни

Неколку припадници на Националната гарда на Албанија се приведени поради убиството на 31-годишниот Шкелзен Ќордја, возачот на албанскиот министер за внатрешни работи Фармир Џафај.
Како што се наведува во полициското соопштение, утрово во 09:30 часот го пронашле припадници на Национална града во гаражата на Министертвото лоцирана во гарнизонот на гардата. Случајот е во надлежност на Обвинителството за тешки кривични дела.


Албанската новинска агенција „Сот“ јавува дека шоферот на министерот за внатрешни бил убиен со еден куршум во главата, а шест чаури биле пронајдени во блзиина на автомобилот, во ѕидот до којшто бил паркиран. Со ова се отфрлаат првичните претпоставки дека се самоубил со еден истрел во пределот на главата. До телото на возачот пронајден е и пиштол.

Медиумите во Албанија го поврзуваат убиството со аферата околу братот на министерот Фармир Џафај, Агрон Џафај, кој во Италија е осуден на казна затвор од 7 години поради меѓународен шверц со дрога.
Опозицијата во Албанија повеќе пати протестираше барајќи оставка од министерот Џафај кого го обвинуваат дека е член на мафијашка група која се занимава со шверц со дрога.
Албанските медиуми додаваат дека убиството е извршено заради бришење на одредени информации за кој знаел гардистот Шкелзен Ќордја.
Според неофицијални информации, опозицискиот весник „Рилиндја демократике“ пишува дека станува збор за „мафијашко убиство“ кое, како што се наведува, „никогаш нема да биде расветлено“.
Извори од Националната гарда за весникот изјавија дека станува збор за чиста егзекуција на самото место во криминални околности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.