Неколку причини зошто треба да јадете индиски ореви

Индискиот орев е мало зимзелено дрво, чија најголема висина е 12 метри. Потекнува од Бразил, а поради својот вкусен плод денес се одгледува во многу тропски подрачја. Неговото семе има облик на бубрег, а најчесто се одгледува во Индија, Кенија и Танзанија.

Неколку причини зошто треба да јадете индиски ореви

Индискиот орев е исклучително хранлив, бидејќи изобилува со протеини и витамини и минерали како бакар, калциум, магнезиум, железо, фосфор, калиум и цинк. Тој содржи многу повеќе масти од другите јаткасти плодови. Две третини од мастите во индискиот орев се незаситени масни киселини, а 75% од тие незаситени масни киселини ги сочинува олеинска киселина (ја содржи и маслиновото масло, а позната е по своето благотворно дејство врз здравјето на срцето).

Позитивно делуваат на дијабетесот, помагаат во намалување на нивото на триглицериди и заштитуваат од понатамошни компликации поврзани со високо ниво на шеќер и холестерол. Нивното редновно консумирање го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2.
Индиските ореви се одличен извор на антиоксиданси, а обезбедуваат и фосфор кој е неопходен за здрав развој на забите и коските.

Многу често се препорачуваат како дел од здрава диета за слабеење. Тие не содржат холестерол, богати се со диетални влакна и даваат многу енергија. Умереното консумирање на оваа намирница во текот на диетата дава чувство на ситост и задоволство. Содржат и цинк, кој игра важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.