Неколку часа пред кобниот час: Вечерта на 15 октомври Тоше Проески кажа морничави зборови кои до ден денес останаа мистерија

На 15 октомври некаде околу 21 часот заедно со Зафирчев го снимивме последното интервју на Тоше Проески. Мојата бајадера отиде некаде заедно со ѕвездите, животот се менува инстантно. Тоше не го заслужува ова, јас со него почнав, тој заврши во Вртелешка…со овие зборови актерката и водителка Весна Петрушевска- Бејби ја започна најавата на последното негово интервју неколку часа пред кобниот час.
Прерано починатата музичка ѕвезда, Тоше Проески се отвори за вистинските вредности, за пријателите, за сериозните животни предизвици што ги носи популарноста…
Сите тие работи ги раскажа во своето последно интервју за емисијата „Вртелешка“, вечерта пред кобната несреќа.

-Максимално е и многу е тешко да се издржи. Шминкање, вадење шминка.. Пакување, распакување.. Преку глава ми е. Кога би можел да се телепортирам од концерт на концерт би бил најсвежиот човек на светот. Сакам да се тргнам настрана, но не можам. Машинеријата ме зеде во бубањ, како што велат старите. Нема враќање назад. За голема среќа многу ме радува што на сите тие концерти можам да се дружам со луѓето со кои енергетски се ревитализирам.
По ова интервју Тоше Проески замина за Хрватска, но од автопатот кај Нова Градишка никогаш не се врати…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.