Некој со насмевка, некој со солзи во очите

Вака денеска започна новата учебна 2018-2019 година за 270 илјади ученици од кои највозбудени беа, секако, 20-те илјади првооделенци. Покрај првите учителки добредојде на првачињата во Основното училиште “Ацо Шопов“ во населба Радишани од општина Бутел им посакаа премиерот Заев и министерот за образование – Арбер Адеми.
Официјални информации кога основците и средношколците ќе ги добијат 24-те учебници во кои се корегирани делови од градивото-нема, затоа што печатењето и издавањето на истите започна само една седмица пред почетокот на школската година. Неофицијално се очекува дека тие за основно образование би се испорачале во училиштата во втората половина на месецов, а оние за средношколците на почетокот на месец октомври.
Најавените драстични реформи од страна на поранешната министерка Рената Тренеска-Дескоска очигледно изостанаа. А, за тоа кога ќе се имплементираат, според актуелниот министер, ќе го почекаме носењето на новиот Закон за основно и средно образование.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.