На Интернет може да се купи сè и сешто, а освен мрачните и нелегални работи кои ви паѓаат на памет, како дрога, оружје и забранети лекови, еве што се може да се купи на илегалниот Интернет.
За да се пристапи на некој од овие сајтови потребно е да се има пристап до „посебни механизми“ кои се добиваат на одредени места, додека на некои им се пристапува веќе по малку подолго пребарување на Интернет.
Броеви од социјално осигурување, поделени според состојбата на кредитните картички на сопствениците.
Информации за украдени кредитни картички се продаваат во серии по 100, бидејќи никогаш не се знае кои картички се блокирани или откажани. Можна е заработка од 350.000 долари со вложување од само 17 долари.
За 20 долари секси девојка на своите гради ќе напише сè што ќе посака нарачателот.
За 1 долар во 3Д печатница на купувачот ќе му биде отпечатен пиштол, лажна картичка за банкомат, клуч кој отвора сефови и врати.
За 1 долар може да се купи доживотна претплата за Нетфликс, а плаќањето се врши со податоци од украдени картички.
Силиконски маски со врвен квалитет за брзо маскирање како во филмовите се продаваат за 10 долари.
Лажни дипломи за САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и Кина за почетна цена од 425 долари, а се испорачуваат 100 парчиња.