Нели е срамота бе Димитров? Или за тебе важат други правила?

Додека државата тоне во криза секој ден се подлабоко некој од тоа профитира. Додека наши деца умираат за десетина илјади долари, некој повеќе кратно од таа сума добива за школување и луксузирање. Пребргу заборавивме дека Димитров минатата година даде 40.000 евра за весници домашни и странски. Требало да биде информиран. Сега пак „елитистот“ добил 40.000 евра за продолжување на елитниот корен на своето дете!? Е па премногу е. Срамота е пред се. Брука е. Корупција е. Изживување е. Што се не е. Ќе ве прашам колку Тамари е? Оти нели со таа парола тврдевте дека рушите корупмпирана власт.
Не дека немало примери од ваков калибар и претходно. Бидете љубезни објавете ги имињата на привилегираните и од времето на Груевски. На пример се шушка дека во негово време некој земал 200.000 долари стипендија исто така за своето дете. Така ли е? Па сега му се чинело на Димитров дека е умерено да земе само 40.000. Така ли е? Умерено ли е?
Ќе си проверите на избори и потоа ако се создаде држава која конечно ќе се справи со корупцијата од ваков вид. Инаку народот веќе си реагираше на социјалните мрежи. Еве за вас едно меме кое се надевам дека ќе стигне до Домитров оти треба да го знае сентиментот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.