Луѓето родени во некои знаци на зодијакот, познати се како најголеми потрошувачи. Тие тешко се воздржуваат кога станува збор за посегнување по паричникот, а штедењето за нив е непозната материја.
Без разлика дали за свои или за туѓи потреби, овие пет хороскопски знаци ќе потрошат сè до последен денар без размислување.
Бик
Биковите се прави хедонисти, поради што немаат мера кога станува збор за трошење. Сакаат да трошат пари на сè и сешто, а за разлика од другите, никогаш немаат премногу пари, туку добро знаат да потрошат онолку со колку што располагаат.
Лав
Луѓето родени во знакот на Лав за себе го сакаат само најдоброто, па многу често знаат да се почестат со излегување во нов ресторан или си дозволуваат луксузно патување на егзотична дестинација, за да се одморат далеку од сите и да уживаат во убавината која не ја гледаат секојдневно .
Вага
Пред сè, Вагите сакаат да одат на шопинг. Тие едноставно сакаат да купуваат и не гледаат ниту колку ниту на што трошат, бидејќи сметаат дека „парите се за трошење“. Исто така, луѓето родени во знакот на Вага, сакаат убава облека, квалитетни и атрактивни геџети, уметност и козметика.
Стрелец
Стрелците не го напуштаат кафулето или ресторанот, додека не му остават бакшиш на келнерот, а кога купуваат подароци за блиските луѓе, не се заморуваат со тоа колку ќе потрошат. Стрелците исклучително многу ги нервира кога не можат да си дозволат нешто што им треба или што многу го посакуваат, а најмногу пари всушност трошат на забава или нешто слично на тоа.
Близнаци
Кај Близнаците речиси секогаш е црно или бело – еден ден се полни како брод, а другиот веќе се пред банкрот. Секој обид за заштеда за Близнаците не е лесен и обично не трае долго. Тоа е бидејќи и тие, исто како Стрелците, се вистински љубители на забави и уживања поради што немаат чувство ниту осет за трошење.