Немало дискусија за размена на споменици

Заменикот министерот за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, во интервју за радиото “Њуз247“ ги демантира информациите и шпекулациите во грчките медиуми од последните 24 часа за можна размена на споменици меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој потенцира дека во земјата во изминатиот период се шират и многу лажни вести и истакна дека за сето ова потребна е голема сериозност.
-Во мојата перцепција никогаш не падна таква вест, таква дискусија за размена. Она што сакам да кажам е дека во последните четири, пет, шест месеци, континуирано гледав на интернет, многу пати дури и во весници и во централни изданија на вести, неверојатни лаги, лажни вести (fake news), рече Боларис и објасни дека вакви лажни вести во Грција имало во врска со ревизијата на учебниците, на која работи заедничкиот комитет од двете земји.
Заменикот шефот на грчката дипломатија, кој воедно се наоѓа на чело на грчка страна во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти на Северна Македонија и Грција, вели дека од новата учебна година треба да се отстранат иредентистичките наводи од учебниците.
-Договорот од Преспа ги обврзува страните, учебниците и наставниот материјал, од новата учебна година да немаат никаков иредентистички или ревизионистички став, вели Боларис и додава дека во учебниците во Грција, како земја членка на ЕУ, не постојат такви позиции. /МИА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.