Немаме двотретинско мнозинство

– Никој не го чепка името Македонија. Дајте да појасниме дали имаме територијални претензии, што ќе правиме, Солун ќе го освојуваме? Знам дека никој нема територијални аспирации, рече премиерот Зоран Заев на денешната расправа за Уставните амандамни и уште еднаш ги повика пратениците да размислат за одлуката за гласање.
„Разговарав со сите пратеници и знам дека има огромен број на пратеници од опозицијата на кои тешко им паѓа помислата што ако се испушти оваа шанса. Подобар договор нема, да видиме дали можеме со Уставните измени да ги приближиме ставовите. Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и верски не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже – не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој Парламент, немаме двотретинско мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница. Граѓаните ќе бараат одговори, дали сме биле на ниво на историската одговорност“, изјави Заев.
На ова му реплицираше пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„И да имавтедвотретинско мнозинство како СДСМ, ваква работа не требаше да правите сами“, рече Димовски. Тој повтори дека власта сама ги почнала преговорите, сама го потпишала Договорот со Грција и сама донела одлука за референдум.
„Вашата или чија било одлука, најмалку значи ако направиме грешен потег. Дали ќе го има Заев на сцена за пет или десет години, или ќе го нема, е помалку важно од оваа одлука“, рече Димовски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.