Немате поим низ што поминуваат другите луѓе, па затоа прекинете да ги правите овие работи!

Постои еден клучен фактор кој може да ви наштети или да ви помогне во односот со другите. Тој фактор е вашиот став. Доколку сакате во животот да одржувате позитивни врски, би требало да ги избегнувате овие работи.
Престанете да бидете злопамтило, затоа што таквото однесување води кон губење на среќата.
Прекинете да се жалите и наместо тоа направете нешто во врска со тоа што ве мачи.
Престанете да размислувате за она што не сте го кажале. Луѓето не можат да ви ги читаат мислите. Воспоставувајте здрава комуникација.
Престанете да се однесувате како светот да се врти околу вас.
Престанете да лажете. Вистината, порано или подоцна, секогаш излегува на виделина.
Престанете да ја префрлате фината на другите. Ваш избор е дали ќе се носите со проблемите или ќе дозволите тие да владеат со вас и вашиот живот. Кога ги обвинувате другите, тогаш ја негирате одговорноста.


Престанете да се сомневате. Доколку мислите дека не можете да направите нешто, можеби сте во право. Но, ако се сомневате во себе, не значи дека треба да им пречите на другите додека си ги остваруваат соништата.
Престанете да ги прекинувате другите. Едно е да поправите некој кога греши, друго е кога цело време се уфрлувате додека некој друг збори само за да кажете нешто.
Престанете да бидете себични. Во секој однос го добивате она што го давате.
Престанете да осудувате. Секој си оди по сопствениот пат. Немате поим низ што поминуваат другите, исто како што и тие не знаат низ што поминувате вие.


Престанете да озборувате и оцрнувате. Навистина нема потреба.
Престанете да ветувате работи кои не можете да ги исполнувате.
Прекинете со дефанзивноста. Само затоа што некој ги гледа работите на поинаков начин, не значи дека ве напаѓа вас како личност. Имајте отворен ум.
Престанете да ги споредувате луѓето. Сите сме различни.
Престанете да очекувате луѓето да бидат совршени. Невозможно е.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.