Немаше да има двојазични полициски униформи без предавниците од СДС и ДПМНЕ

Двојазични полициски униформи немаше да има без домашните предавници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев.

– Честито противуставни ДВОЈАЗИЧНИ ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ. Само Левица ги оспори пред Уставен суд. Ама Кацарска си дреме, или ќе најде некоја фора да ги “легализира”.

Воведени се со владина уредба, оти со закон не можеа (оти сега Левица е таму).

Таман, од денес, ко ќе ве легитимираат џандарите – ќе се осеќате како под вистинска ОКУПАЦИЈА.

Но, не им се лутете на партиите на албанското малцинство. Ништо немаше да можат да сторат без домашните ПРЕДАВНИЦИ од СДС и ДПМНЕ.

#БинационалнаФедерација – напиша Апасиев на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: