Од Регулаторна комисија за енергетика велат дека прават сè за да се обезбеди сигурно и стабилно обезбедување на електрична енергија за потрошувачите и реални сметки кои се базирани на вистинска, а не на прогнозирана потрошувачка. -РКЕ работи на сет-мерки со кои ќе се зајакне заштитата на потрошувачите. Ќе се направи дополнителна вонредна контрола во соработка со другите институции за да се утврди состојбата на броилата на оние корисници кои се имаат пожалено, велат од РКЕ за ВЕЧЕРНема веќе нереално високи сметки за струја, туку реални кои ќе е базираат на вистинската потрошувачка на струја. Регулаторната комисија за енергетика презема сет мерки со цел да ги заштити и да ја врати довербата на потрошувачите. Ова, за весникот ВЕЧЕР, го изјавија од РКЕ по средбата со Здружението на инженери на Македонија, кое бара конкретни решенија за спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата. Тие бараат месечно отчитување на броилата со цел потрошувачот да добие фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.-РКЕ во изминатиот период работи на сет мерки со кои ќе се зајакне заштитата на потрошувачите. Ќе се направи дополнителна вонредна контрола во соработка со другите институции за да се утврди состојбата на броилата на оние корисници кои се имаат пожалено. Сето ова е со цел да се зајакне заштитата на потрошувачите. Регулаторна постојано е отворена за сугестии од сите граѓани и експерти. вклучувајќи го и неформалното Здружение на инженери, велат од РКЕ за ВЕЧЕР.Од Регулаторна појаснуваат дека прават сè за да се обезбеди сигурно и стабилно обезбедување на електрична енергија за потрошувачите и реални сметки кои се базирани на вистинска, а не на прогнозирана потрошувачка.Од Здружението на инженери велат дека овие неправилности датираат од јули 2022 година, кога беа воведени блок-тарифи за пресметка на потрошувачката на електрична енергија.– За надминување на оваа состојба, предложивме решение кое предвидува издавање коригирана фактура што ќе ги опфаќа деновите од претходното до последното отчитување на броилото. Со ова ќе се овозможи реална и прецизна наплата на електричната енергија, елиминирајќи ја можноста за неправедно внесување на потрошувачите во повисоки тарифни блокови поради корекции во месеците кога се врши реалното отчитување, соопштија од Здружението на инженери.Додаваат дека нивната реакција е поттикната од бројни поплаки на граѓаните за нереално високи сметки за електрична енергија. Анализирајќи ги законските и подзаконските акти, утврдиле неправилности и поднеле претставки за нивно надминување.Од Здружението велат дека оваа практика не е предвидена со Законот за енергетика, им нанесува финансиска штета на потрошувачите, а генерира и дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем.За зголемените поплаките за високите сметки за струја неодамна потврдија и од Организација на потрошувачи на Македонија.-Жалбите за сметките за струја најчесто се однесуваат на тоа дека се опфатени поголеми пресметковни периоди. Така наместо 30 дена се пресметувале 40 дена и автоматски со тоа им се зголемуваат сметките за струја, бидејќи влегле во повисока тарифа. Ние ги упатуваме до Регулаторната комисија за енергетика да поднесат приговор. Ако РКЕ утврди дека има наплатено поголема сума отколку што е потрошено електрична енергија треба да побара од ЕВН сметката да се намали за повеќе наплатениот износ или таа сума да му се одземе од наредната сметка, изјави за весникот ВЕЧЕР, Тања Тасевска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.Паушалното одредување на потрошувачката и внесувањето на корисниците во повисоки ценовни блокови на годишно ниво може да предизвика значителни разлики во наплатата во однос на реалната потрошувачка, и тоа во износи од 170 денари за потрошувачи во првиот ценовен блок, 830 денари за потрошувачи во вториот ценовен блок и 8.080 денари за потрошувачи во третиот ценовен блок, посочуваат инженерите.
Пронајдете не на следниве мрежи: