Со оваа одлука отсега од Скопје до Солун може да се стигне само со автобус. Иако министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески уверуваше дека нема да дојде до тоа Македонија сепак остана без железничка линија до Солун. Од први октомври, вчера е укинат меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград.
– Оваа линија е од огромно значење за Република Македонија. Ќе направиме се што е во наша моќ да го надминеме некако тој проблем – изјави министерот Сугарески.
Одлуката за укинување со договор ја донеле Српската и Грчката железница бидејќи не била рентабилна, а Македонската железница (МЖ) немала можност да реагира бидејќи возот само транзитира низ нашата земја.
До Солун од Скопје сега редовна линија има единствено автобуска линија на „Македонија сообраќај“, која ги редуцираше автобусите на еден дневно.