Нема врска со тероризам: Банална кавга била причината за масакрот во Канзас Сити

Расправијата меѓу неколкумина беше причина за пукањето за време на славеничката парада на „Канзас сити чифс“ во која загина едно лице, а 22 други се ранети, соопшти полицијата во четвртокот, отфрлајќи каква било поврзаност со екстремизам.

– Прелиминарните наоди од истрагата покажуваат дека нема врска со тероризам или семеен насилен екстремизам – рече Стејси Грејвс, но не кажа дали полицијата има сознанија за потеклото на конфликтот или за деталите од пукањето.

Полицијата во четвртокот излезе со информација дека при пукањето се ранети 22 лица, а убиена е Лиза Лопес-Галван, популарна локална радио водителка. Се вели дека возраста на жртвите била 8-47 години.

Шефот на полицијата изјави дека се подготвуваат обвинителни акти против двајца малолетници чиј идентитет не е соопштен. Полицијата се обидува да утврди дали некој друг бил вмешан во пукањето, а началникот рече дека сите одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Пронајдете не на следниве мрежи: