Организаторите на Евровизија оваа година ќе се потрудат да приредат спектакл каков што не е виден во историјата на ова шоу.
Вечерва не очекува второто полуфинале на Евровизија, а за сабота е закажано големото финале.
Првото музичко шоу е одржано во 1956 година во Лугано, а веќе во 1957-та година Австралија, Данска и Велика Британија биле дисквалификувани поради не навремено пријавување, додека во 1969 година биле прогласени дури четири земји, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија откако добиле исти број на гласови.
По 49 години Португалија е повторно домаќин, а сумата која домаќинот ја потрошил веќе со денови ја тресе европската јавност.
Станува збор за вртоглави 23 милиони евра, а оваа сума е седум милиони помалку отколку минатогодишното шоу во Киев.