Нема да видиме селфи камери на телефоните од следната генерација?

Судејќи според најавите што кружат во технолошките медиуми во последните денови, од следната 2021 година, паметните телефони веќе нема да имаат селфи камери. 

Поточно, телефоните ќе имаат предна камера, само што нема да бидат видливи, бидејќи ќе се наоѓаат под екранот на уредот.

Кинеската компанија Xiaomi објави дека само ја завршува работата на третата генерација на селфи камери „во екран“, откако претходните две генерации не ги исполнија потребните стандарди. 

Со најновата генерација, која е во фаза на развој веќе две години, Xiaomi конечно успеа да произведе екран кој, и покрај пикселите, ќе им овозможи на камерите да добиваат доволно светло и да прават квалитетни селфи фотографии и видеа без да го нарушат изгледот на екранот.

Тајната на успехот на новата технологија лежи во новиот аранжман на пиксели кои „позајмуваат“ светлина од соседните, а доколку е потребно може да се „исклучат“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.