Повеќе од еден милион граѓани во Велика Британија престанале да пушат за време на пандемијата на коронавирусот, покажа истражување на добротворната организација Акција против пушење и за здравје.
Околу 41 процент од оние кои ги оставиле цигарите во првите четири месеци, изјавиле дека тоа било директна реакција на коронавирусот.
Причината за тоа може да биде поврзана со неколку фактори, како што се стравот за здравјето, пристап до тутун за време на периодот на изолација.
Во одделна студија, Универзитетскиот колеџ во Лондон откри дека повеќе луѓе се откажале од пушењето од почетокот на годинава до јуни 2020 година отколку во која било година од почетокот на истражувањето во 2007 година.
Би-Би-Си потсетува на предупредувањето од британската Влада дека пушачите се изложени на поголем ризик да имаат потешки симптоми на Ковид 19.