Нема да го ратификуваме Преспанскиот договор, повтори Мицотакис

Претседателот на “Нова демократија“, најголемата опозициска партија во Грција , Киријакос Мицотакис по којзнае кој пат го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка за договорот за името во грчкиот Парламент.
“Нова демократија“ нема да гласа за ратификација на договорот, нути во сегашниот, ниту во следниот парламентaрен состав“, рече Мицотакис, додавајќи дека Преспанското Езеро наместо по неговата убавина, сега е познато по срамниот договор што ги признава македонскиот јазик и македонската националност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.