Нема да дозволиме Заев за една година власт да уништи се што е македонско

Денеска голем број на граѓани излегоа на протест пред Собранието во пресрет на закажаната пленарна седница за Договорот со Грција.
-Овие што се на власт брзаат да ги спроведат сите овие работи, меѓутоа една работа треба да знаат сите, по вчерашните случувања, после тепањето на жени и деца од страна на македонската полиција како и фрлањето на солзавец и нанесување на телесни повреди на демонстрантите мислам дека ситуацијата излегува надвор од контрола, ова на денешниот протест го истакна Страшо Олумчев.
Тој додава дека историски гледано никој не излегол на крај со народот, нема ниту Заев да излезе. Сме биле и многу години под турско ропство па никој не ни го сменил ниту името, ниту идентитетот и нема Заев за една година да уништи се што е македонско.

На протестот беше присутен и професорот Нестор Огинар кој допатува директно од Америка.
-Јас 50 години живеам во Америка и имам државјанство, но не сум Американец, туку Македонец и во срце и во душа и во ум. Тука дојдов непланирано, а договорот кој е потпишан од Димитров и Коѕијас никој друг Македонец немаше да го потпише. Македонија не е име кое е дадено на референдум, многу политичари грешат кога ќе речат дека името сме го добиле во 1991 година на референдумот, но тоа не е така, бидејќи ние во 1991 година добивме независност. Името беше наследено од АСНОМ и ВМРО и од Самоил и од Александар, големината не е во направените споменици од претходната влада, големината е човекот да знае да го почувствува својот дух, потенцира Огинар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.