Нема да има масовни собири за Вевчанскиот карневал

Поради пандемијата Вевчанскиот карневал симболично ќе биде одбележан. Ќе изостане богатата програма збогатена со културно забавните содржини кои се во организација на општината но поворка од василичарските друштва ќе има согласно протоколите за заштита од ширењето на заразата. Градоначалникот на Вевчани Јанкоски апелира да нема масовност и посети по домовите за празникот Василица.
Вевчанци 365 дена се подготвуваат за уличниот театар задржувајќи ја својата уникатност и архаичност. Општината не се меша во изборот на маските ниту па во начинот на кој ќе се реализира поворката која се случува еднаш во годината со која се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.
Покрај оригиналноста и импровизацијата, карактеристика на овој карневал е неговиот непрекинат континуитет што го прави единствен. Тој е стар над 1.400 години, колку и Вевчани, и се разликува од сите други карневали во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.