Нема да има ценовен струен шок, тврди Бислимовски

На пладне ќе се знае цената на струјата. Првиот човек на Регулаторна комисија, Бислимовски вели дека ценовен струен шок нема да има, а универзалниот снабдувач почнува со работа од 1 јули.
– Нема промена на цената на струјата, граѓаните можат да останат мирни. Како и што најавивме, нема ниту ценовен шок ниту пак какви било корекции. Се останува како што е досега, нормално освен, што од понеделник 1 јули почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена“, изјави за “Дојче Веле“ претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.