Нема да ме изненади ако Киев повторно го затвори нафтоводот „Дружба“, вели Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нема да биде изненаден ако Киев повторно го затвори нафтоводот „Дружба“ откако доби заем од Европската Унија.

Во видео порака објавена на неговата официјална Фејсбук страница, Фицо рече дека го изразил своето мислење дека таков потег може да се случи за време на неформален разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесуваат медиумите.

„Вчера, во разговор со претседателот на Европската комисија, реков дека воопшто нема да бидам изненаден ако, по добивањето на воен заем од 90 милијарди евра, Владимир Зеленски одлучи повторно да ја направи „Дружба“ нефункционална“, рече Фицо

Словачкиот премиер, исто така, нагласи дека конфликтот во Украина нема воено решение и дека единствениот начин за негово решавање е дипломатски.

Украина ги блокираше испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ до Словачка и Унгарија од 27 јануари, наведувајќи дека имало оштетување на нафтоводот.

Пронајдете не на следниве мрежи: