Комисијата за заштита од дискриминација смета дека не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата.
Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо не претставува дискриминација врз ниту една основа, вклучувајќи уверување, здравствена состојба, социјална заштита и пристап до добра и услуги.
Комисијата оценува дека мерката за забрана соодветствува на реалните потреби е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат.
-Не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна (објективно оправдана) цел, согласно член 5 точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Таа не е спротивна на Уставот и одредбите на меѓународните договори, соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, како и животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со невакцинираните деца. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена по претходно предвидена процедура и од соодветни органи, а и сите родителии и старатели се информирани на ефикасен начин, образложи Комисијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.