Нема договор за состав на влада во Бугарија, се отвора патот за нови избори


Минатиот понеделник Габриел се согласи да формира нова влада по оставката на премиерот Николај Денков од ПП но, преговорите пропаднале поради барањето на ПП за функцијата министер за внатрешни работи

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, која доаѓа од партијата ГЕРБ денеска соопшти дека нема договор за формирање на нова влада во Бугарија.

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот, ГЕРБ и ПП, направија договор за поделба на власта според кој ротира должноста на премиерот.

Минатиот понеделник Габриел се согласи да формира нова влада по оставката на премиерот Николај Денков од ПП но, преговорите пропаднале поради барањето на ПП за функцијата министер за внатрешни работи.

Таа во понеделник ќе предаде писмо до Парламентот во кое се наведува дека ја повлекува својата кандидатура за премиер.

 „ГЕРБ нема да учествува во преговорите вторпат“,

изјави Габриел.

Доколку и вториот кандидат за премиер од двете најголеми партии не успее да формира влада, претседателот Румен Радев ќе треба да назначи трет кандидат од останатите партии. Тој неуспех ќе го отвори патот за предвремени избори.

Во април минатата година ГЕРБ освои 69 од 240 места во Парламентот, а блокот предводен од ПП освои 64.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: