Во Москва од денеска во ресторани и кафулиња ќе можат да одат само граѓаните кои примиле вакцина против коронавирус, оние кои прележале Ковид-19 во последните шест месеци и оние кои имаат негативен ПЦР тест не постари од три дена, предвидено е со уредба на градоначалникот Сергеј Собјанин.
Дека се вакцинирани, дека прележале корона или имаат негативен тест, граѓаните ќе докажуваат со QR код при влегување во рестораните, а потврдите на хартија нема да важат, пренесува “Tass”.
Кога станува збор за вакцинираните, QR ќе добијат само граѓаните кои се целосно вакцинирани, односно ги примиле двете дози на вакцина кога станува збор за двокомпонентни вакцини или една доза на вакцина која е еднокомпонентна.
Moscow restaurants begin working in COVID-free mode using QR codes https://t.co/zoJcgz0wXl
— Karl E (@therussophile) June 28, 2021
Почитувајќи ги овие правила, угостителските објекти во главниот град на Русија ќе можат да работат 24 часа. Растојанието меѓу масите ќе може да биде помало од 1,5 метри, а гостите нема да мора да носат маски и ракавици, објаснил заменикот градоначалник Алексеј Немерјук.
Вработените во угостителските објекти и натаму ќе носат ракавици и маски.
Немерјук додал дека угостителските објекти кои не можат да обезбедат читач на QR код, од денеска ќе можат само да доставуваат храна.