Денес портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски изјави дека преименувањето на стадионот “Филип Втори“ во национална арена “Тоше Проески“ е направено на предлог на Владата, што е усогласено со семејството Проески.
– Зад предлогот нема никаква политичка или популистичка интенција како што, за жал, очигледно се создала навика во државата, дополни Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за преименувањето на вчерашната владина седница.
Владата донела одлука за преименување на стадионот во национална арена “Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја, објави владиниот портпарол по седницата.
Пронајдете не на следниве мрежи: