Тврдењата на западните медиуми за наводниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп се лажни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Немаше разговор. Тоа не е точно, тоа е чиста измислица“, рече Песков.Истовремено, тој додаде дека во моментов нема конкретни планови за контакти меѓу Путин и Трамп.Песков се осврна и на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој за АРД изјави дека наскоро ќе дојде „вистинското време“ за телефонски разговор со претседателот на Русија.„Не се во тек подготовки за тоа, немаме добиено никакви сигнали“, прецизира Песков.Тој исто така додаде дека рускиот лидер за време на состанокот на клубот „Валдаи“ потсетил дека Шолц и претседателот на Франција, Емануел Макрон, „го прекинале контактот и не сакаат да разговараат“.Претходно американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наводно во четвртокот му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговарал за Украина и изразил интерес за натамошни разговори на оваа тема.
Пронајдете не на следниве мрежи: