Се разбира ако имате мака, ќе си ја имате и понатака!!
Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи.
Ова денес го истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцираше дека се врши истрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој проблем.
-Проблемот со личните документи, лични карти и возачки дозволи е надминат. Но патните исправи проблемот останува и истиот е резултат на лошо планирање, пропусти и доцни нарачки.
На 6.12.2019 Оливер Спасовски бил информиран дека залихите на обрасци се при крај и остануваат уште 88.000 обрасци за патни исправи. По моето доаѓање, еден месец подоцна, на 8.1.2020 година, добив информација се остануваат уште 27.580 обрасци за пасоши. Ова се е резултат на нестручно работење и во МВР се врши контрола за да се лоцира одговорноста, нагласи Чулев.
Тој посочи дека до овој момент поднесени се 16.500 барања на патни исправи по редовна постапка, а МВР на располагање има уште 3.600 обрасци. Барањата поднесени по итна постапка кои се околу 650 ќе бидат процесирани.
Чулев нагласи дека до надминување на овој проблем нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка.
Министерот истакна и дека на денешната владина седница повторно ќе се отвори ова прашање со цел што поскоро надминување на проблемот.