Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи

Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска.
Ова денеска го истакна доктор Лилјана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.


Овие испитувања во лабораторијата на Институтот следат откако при претходно направени анализи постоеше сомневање за можна инфекција кај овие две лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.