Нема шанси да биде прифатено името Северна Македонија, вели Прванов

Во денешното гостување на БНТ коментирајќи ги резултатите од референдумот поранешниот претседател на Бугарија вели дека нема шанси да биде прифатено името Северна Македонија.
– Јас мислам дека тука Бугарија треба да преземе водство и да ги повика нашите партнери од ЕУ и НАТО да одат кон прием на земјата во овие организации со името Република Македонија – рече Прванов.
Според него тоа е потребно да се направи доколку Македонија им е „стратешки значајна, а не само како фронтовска држава каква сега сакаат да ја претворат во односите со Русија“.
Запрашан како ќе реагира Грција на тоа Прванов вели дека не сака да зборува во име на Грција и дека не би водел преговори со неа.
Во тој контекст тој го споменал прашањето за дефинирање на заедничката историја со Македонија.
– Да се ​​разбереме со Скопје на политичко ниво, а не на ниво на комисија каква што е направена, туку на политичко – додаде тој, велејќи дека Македонија има поддршка од Бугарија, но дека е потребно „заедничко разбирање за историјата… бидејќи самосвеста на оваа популација е бугарска“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.