Официјално, славниот Французин поради повреда не можеше да игра на Светското првенство, но на крајот се покажа дека тоа не е вистинската вистина и дека всушност неговите соиграчи побарале од селекторот да ја искористи повредата за да го отстрани од тимот.
Имено, повредата на Бензема не била од сериозна природа и не било потребно тој да го напушти репрезентативниот табор, но селекторот сепак му рекол дека мора да замине.
Поголемиот дел од играчите не го сакаа Бензема во тимот, па славниот ас практично беше избркан од Катар.
Докторот на репрезентацијата Франк Ле Гал добил задача да го извести Бензема за одлуката. Тој отишол со тренерот во собата на Бензема и му рекол:
„Жал ми е Карим, но мора да си одиш“.
На Бензема веднаш му било јасно за што се работи, но не сакал да прави сцени. Смирено ги спакувал работите и си заминал.
Докторот на францускиот тим призна дека бил задолжен само да ја соопшти одлуката што всушност ја донел селекторот на Франција, Дидие Дешамп.
Да потсетиме, освојувачот на Златната топка, Карим Бензема, во понеделникот објави дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на француската репрезентација. Само три дена по финалето, ги отследи сите свои поранешни репрезентативни колеги од Инстаграм.
Исклучок се само пет играчи и тоа Килијан Мбапе, Рафаел Варан, Едуардо Камавинга, Маркус Тирам и Аурелиен Чуамени